Џенифер Лопез, популарната пејачка која е член на жирито на „Американски идол“, во последната емисија, во која настапил Иги Поп, се засрамила и поцрвенела. Стариот рокер кој има 64 години настапил во емисијата и со своето танцување и со енергијата со која настапил ги засрамил младите учесници, а Џенифер Лопез ја натерал да поцрвени.


Иги Поп настапил со својата песна “I’m a Wild One”, а на настапот ја соблекол маицата, како што прави на концертите и настапите во последниве 40 години, а потоа се нишал со колковите во ритамот на панк музиката. На крајот од песната и се доближил на Џенифер и и’ се приближил до  лицето.