Времето на ифтар на последниот ден од рамазанските пости во Охрид е во 18 часот и 11 минути, додека суфур нема бидејќи денеска е Арифе – ден пред Фитр Бајрам.
Времето кога се поклонува Фитр Бајрам е 7 часот и 29 минути.
По повод празникот честитка до муслиманските верници испрати Реисул Улема Сулејман ефенди Реџепи, кој порачува Фитр Бајрам да биде исполнет со љубов, меѓусебно разбирање и толеранција.
По еден месец пост и откажување, по еден месец исполнет со ибадети, Севишниот Аллах пожелува на овој празничен ден кога го славиме Фитр Бајрам, нашите лица да изразуваат среќа, задоволство и радост. Исламот е љубов а не омраза, толеранција, а не конфронтација, солидарност, а не нетрпение. Затоа, на овој бајрамски ден, треба да ја докажеме величината на Исламот што извира од љубовта и почитта кон Аллах, наведува Реџепи во честитката.
По повод Бајрам, честитка до граѓаните од исламска вероисповед упати и државниот врв.
ohridnews