Северна Македонија е соочена со сличен напад како и Црна Гора пред влезот во НАТО, oценува во најновата анализа Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, Словенија. Во извештајот објавен денеска, ИФИМЕС подвлекува дека нападите на Северна Македонија, односно обидите за дискредитација на нејзината власт и институциите на државата и натаму ќе продолжат, слично како што тоа се случуваше и со Црна Гора се до моментот кога таа и конечно не стана членка на Алијансата.
Северна Македонија го потпиша протоколот за пристапување во НАТО на 6 февруари 2019 година. Во моментов во тек е ратификација на протоколот од државите членки. До сега истиот го имаат ратификувано 19 членки на НАТО, а се очекува Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата на самитот во Лондон во декември 2019 година.
Според ИФИМЕС Меѓународната разузнавачка акција „Рекет“, како што е дефинирана во извештајот, долго е подготвувана и вешто осмислена надвор од Северна Македонија. Внимателно се избрани/врбувани актери за одредени улоги.
Во Северна Македонија не постои соодветна контраразузнавачка служба за заштита на премиерот Зоран Заев (СДСМ) и на другите челници на државата. Поради тоа е потребно забрзано да се спроведе реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем, затоа што се уште во тој сектор доминираат кадри на поранешниот премиер Никола Груевски (ВМРО ДПМНЕ), односно на поранешнот шеф на тајната служба Сашо Мијалков (ВМРО ДПМНЕ). На клучни позиции во македонската војска се уште се наоѓаат кадри на претходниот режим. Ветингот кој започна во МВР е прв чекор кон целокупна професионализација на безбедносните структури. Во Меѓународната разузнавачка операција „Рекет“ насочена кон Република Севена Македонија и нејзиното водство учествуваат покрај разузнавачи, политичари, поединци од институции, новинари, естрада, бизнисмени, професори, медиуми и одреден број поединци кои несвесно се вовлечени во оваа разузнавачка операција. Целта на операцијата „Рекет“ е дискредитација, криминализација, елиминација и последично рушење на Зоран Заев и неговата Влада, предизвикување хаос и преземање на власта со или без одржување на предвремени избори. – се наведува во извештајот на ИФИМЕС.
Аналитичарите сметаат дека дека актуелните случувања во Северна Македонија се последица на сеопфатно планирана, координирана, темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внтрешни фактори со цел запирање на евроинтегративните процеси на земјата. Благодарение на правовремената реакција и напорите на безбедносно-разузнавачките служби сепак е спречено скршнување од евроинтегративниот пат и дестабилизација на земјата, што инаку беше подготвено да се реализира, се наведува во анализата на ИФИМЕС. Во неа се додава дека режимот на Никола Груевски од Северна Македонија изнел преку 5 милијарди евра, а за операцијата на рушење на владата на Заев потрошени биле 50 милиони евра.
Поради тоа од исклучително значење е да се забрза евроатлантскиот пат на Северна Македонија и да и се помогне на државата, покрај полноправното членство во НАТО, да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во октомври 2019 година. Од искуството на Црна Гора нападите на Северна Македонија, посебно на премиерот Заев, но и на клучните институции на македонската држава, посебно правосудниот систем, ќе продолжат со уште поголем интензитет, бидејќи со доктрина на шок ќе се направи обид за дестабилизација на земјата за да се предизвика хаос, а со тоа да се оневозможи нејзиното членство во НАТО, а со крајна цел преземање на власта по нелегален пат. Поради тоа од посебна важност за македонските власти е да дојде до што побрз договор помеѓу клучните политички актери и усвојување на законот за СЈО, односно ЈО, со што ќе се потврди определеноста за борба против криминалот и корупцијата и воспоставување на владеење на правото. – стои во анализата на ИФИМЕС.
Аналитичарите сметаат дека е важно во Северна Македонија да се формираат и развиваат силни институции, а не поединци да бидат синоним за институции во стилот „државата тоа сум јас“ како претходно. На тоа предупредува и ЕУ, се посочува во анализата. Посебно е важно со воспоставување на владеење на правото во државата повеќе да нема недопирливи поединци и правни лица. Поради тоа Република Северна Македонија неопходно треба да спроведе полициско – судска акција по урнекот на Србија („Сабја“), а тоа значи да се направи пресврт и целосна пресметка со криминалот и корупцијата. Секое друго парцијално решение дополнитечно ќе ги усложни состојбите во земјата, се наведува во анализата на ИФИМЕС.
Европската унија суштински го занемари Западен Балкан, додека други држави и центри на моќ капиларно се поврзаа со регионот, предупредуваат аналитичарите на ИФИМЕС. Затоа американскиот државен секретар Мајк Помпео го именува Метју Палмер за свој специјален застапник во Западен Балкан. Аналитичарите сметаат дека клучен проблем е што западот изминатите години градеше партнерски односи со политичко-криминални структири и дека сега ќе биде потребно засилено американско разузнавачко присуство на Балканот и специјализирани служнби за борба против криминалот и корупцијата да помогнат во пресметката со мафијата која го дестабилизра регионот.
OhridNews