Улогата на Џејмс Бонд за прв пат ќе ја добие црнец, а веројатно тоа ќе биде Идриз Елба. Елба е познат по улогата во серијата “The Wire“. Прашање е дали Елба навистина може да биде првиот црн Џејмс Бонд, што Даниел Крег го коментира како навистина добра идеја.


Шпекулациите дека црнец би можел да биде новиот агент 007 започнале веднаш откако претседателските избори во САД ги освоил Барак Обама. Актерот е благо резервиран. “Би го направил тоа, но не сакам да ме нарекуваат првиот црн Џејмс Бонд“, вели Идриз Елба.