Холандскиот фудбалер Френк де Јонг имаше официјална презентација во нов член на Барселона. 22-годишниот фудбалер кој соработката со Барселона ја договори уште во јануари потпиша повеќе годишен договор.

Деј Јонг изјави дека не може да опише колку е среќен затоа што идолот ќе му биде соиграч. Холанѓанецот мислеше за Лионел Меси, кој е алфа и омега на Ноу Камп.

  • Среќен сум што конечно дојдов во Барселона. Како дете сонував да играм за Барселона, а сега тој сон ќе ми стане јаве. Со нетрпение чекам да истрчам на Ноу Кам и да заиграм со Меси. Тој е мој идол. Стилот на игра на Барселона е сличен од оној со Ајакс и ми се чини дека ќе немам проблеми за адаптација. – изјави Де Јонг.

Каталонците за услугите на Де Јонг на шампионот од Холандија му усплатија 85 милиони евра.

OhridNews