Едно ново истражување открило дека голем број студенти на белгиските педагошки факултети имаат сериозни дупки во знаењето, посебно кога станува збор за историјата, географијата и политиката. Истражувачите тестот од 114 прашања го поделиле на околу илјада студенти, идни професори, кај кои и претходно било забележано скромно знаење од општото образование.
Секој трет испитаник не знаел на географската карта да ги најде САД, а речиси половина признале дека не знаат каде се наоѓа Тихиот Океан. Како што пренеле медиумите, две третини од идните професори не можеле на фотографија да го препознаат некогашниот кинески водач Мао Це Тунг.