Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 11 октомври, петок, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
На 11 октомври, Македонија ќе одбележи 78 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.
На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата.