Случајот со тинејџерката што после смртта беше подложена на длабоко замрзнување за да може по неколку стотина години, кога можеби ќе биде разбудена и ќе добие нова шанса за живот, ја подели светската јавност, пренесува „Макфакс“.
Таткото на девојчето од почетокот беше против подложување на детето на овој хазардерски третман, а главен аргумент за противење беше: „Што ако се пробуди сама за 200 години без било какво сеќавање и без било кој свој?“.
Телото на девојчето е депортирано во криогенскиот институт во американската држава Мичиген, каде што ќе биде замрзнато на температура од -196 Целзиусови степени.
Како функционира криогениското замрзнување
Првата фаза во процесот на замрзнување на телото мора да настапи од две до 15 минути по престанокот на работата на срцето на потенцијалниот кандидат. Телото се обложува со мраз и му се вбризгуваат медикаменти кои треба да спречат згрутчување на крвта.
Телото потоа се испраќа во криогенска установа, каде што се изложува на ниски температури, нешто повисоки од точката на мрзнење, а наместо крв се инјектира супстанца која ќе придонесе за зачувување на органите.
Во телото потоа се инјектира инјекција што спречува формирање на кристалите на мараз и тоа потоа се изложува на температура од -130 Целзиусови степени.
Телото потоа се сместува во посебен ковчег што се потопува во течен азот и се одржува на температура од -196 Целзиусови степени до моментот кога медицината ќе биде толку напредна и ќе може да ги „оживее замрзнатите луѓе“.
Овој процес може да се спроведе само врз луѓето што официјално се прогласени за мртви, иако многу научници тврдат дека успехот на овој метод е речиси невозможен бидејќи никогаш до сега не е изведено успешно замрзнување на органи како срце или бубрег, така што веројатноста дека тоа е можно да се направи со целото тело е еднаква на нула.
Колку чини оваа постапка?
Некогаш подложувањето на процесот на криогенско замрзнување чинеше вистинско богатство и не беше достапно за пошироките маси, туку само одбраните со „многу длабок џеб“ можеа да си го дозволат тоа. Денеска тоа не е случај.
Во криогенскиот институт во кој е замрзнатото телото на британското девојче, почетна цена на замрзнување на целото тело е од 35.000 долари, односно со други зборови, цената одговара на еднособен стан на периферијата на Скопје.
Конкурентската компанија Алкор за истиот третман наплатува 200.000 долари.
По колку време замрзнатите ќе бидат вратени во живот?
Организациите кои се занимаваат со овој вид на замрзнување на телата тврдат дека би можеле да поминат децении или дури и векови до моментот кога овие луѓе би можеле да бидат вратени во живот.
Научниците, пак, го застапуваат мислењето дека еднаш замрзнатите органи се претворат во „каша“ и дека не можат да се повратат во витално ткиво, па го споредуваат тоа со јајцето: кајганата никогаш повеќе не може да биде цело јајце“, пишува Daily mail.
OhridNews
извор: „Макфакс“