Ја предводеше репрезентацијата под 19 години, но сега се најде во можност да дебитира на мечот со Ирска за “А“ тимот. Меѓу репрезентативиците е одлично примен и доколку му се укаже шанса подготвен е во целост да ја искористи.
– Одлично сум примен во националниот состав и за мене тоа е голема чест но и обврска , чест ми е да работам со овие играчи, овде сум најмлад и имам од кого да учам. Сакам да се докажам во овај состав, а зошто да не дебитирам и во сабота. Немам никаков проблем со адаптацијата , јас сум навикната да работам со повозрани колеги, што е случај и во италијанската Парма. За мене ќе биде голема чест доколку добијам шанса во првите 11, па и од клупата, но сепак најважно е да се добие мечот.
Најдобриот играч во македонскиот шампионат, напаѓачот на тетовска Шкендија Ферхан Хасани е едно од “скриените“ оружја на селекторот Мирсад Јонуз. Хасани кој 14 пати сезонава ги тресеше противничките мрежи , лесно може да биде играчот кој во сабота ќе биде едно од изненадувањата за Џовани Трапатони.
– Хасани е иднината на нашиот фудбал, неговиот потенцијал е неспорен и само со работа со повозрасните колеги во репрезентацијата, како Наумоски, Пандев може да се надгради неовиот талент. – смета селекторот Мирсад Јонуз.
Последен влета во националниот состав, неговата одлична сезона во Работнички не остана незабележана и Тодоровски го комплетира трилингот млади фудбалери кои се во комбинација за мечот со Ирска.
– Повикот во репрезентацијата е голема чест за мене, голема благодарност до селекторот и стручниот штаб што во овај момент ме повикаа да бидам дел од националниот состав. Мислам дека дојден сум во право време и доколку добијам шанса ќе го дадам максимумот за да го оправдам овај повик. И навистина сум среќен што сум дел од репрезентацијата.- Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број да навиваат за Македонија и ќе биде еден вистнски фудбалски спектакл – смета Тодоровски.
Серијата откажувања кои се случија во последен момент го “примораа“ селекторот да повика свежа крв во репрзентацијата. Идеата е да се продолжи со таквиот континиитет во промовирање на млади фудбалери кои се иднина на македонскиот фудбал.
– Мора да мислиме на иднината, никој не е вечен , па ни јас, рече селекторот Мирсад Јонуз..