Предвидувањата се дека чоколадото за 20 години би можело да биде многу редок и скап производ. Причината за тоа лежи во фактот што поради економската криза одгледувачите на какао биле доведено во опасност. Ова дрво расте само на многу ограничено подрачје во близина на екваторот, а земјите во кои се одгледува се многу сиромашни и нивните влади на ниту еден начин не им помагаат на одгледувачите.
Се повеќе од нив се определуваат да одгледуваат соја или маслена палма кои се многу попрофитабилни. Експертите предупредуваат дека е сосема можно за 20 години една коцка од омилените чоколади, кои ја враќаат енергијата и доброто расположение, да чинат и повеќе од 20 евра.