Шведскиот принц Карл Филип, трет во редот за кралскиот трон, ја запросил догогодишната девојка Софија Хелквист, која била познат еротски фото модел. Парот ќе се венча следното лето, а кралскиот двор се огласил со соопштение, со изјава на принцот Карл Филип кој е пресреќен што Софија се согласила со него да го мине остатокот од животот.
Софија рекла дека била шокирана со запросувањето и дека принцот е една од најскромните личности кои ги запознала. Работејќи како фото модел, Софија често позирала за еротски списанија, а учестувала и во реалното шоу „Рајски хотел“. Парот се запознал во 2009 година во еден клуб во Стокхолм, а живеат заедно на островот Дјургарден од 2011 година. Нивната врска предизвикала бројни контраверзии, а против неа било и кралското семејство на чело со кралицата Силвија. Подоцна, сепак ја прифатиле идната снаа.