Идната британска принцеза и сопруга на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, спремна е да им се придружи на светските звезди како Лејди Гага, Гвен Стефани и Ријана така што ќе добие своја восочна фигура. Музејот на восочни фигури Мадам Тисо најавил дека планира да изваја статуа на идната принцеза.
Скулптурата ќе стои покрај онаа на нејзиниот вереник, принцот Вилијам, и неговиот брат Хари во делот на музејот во Лондон кој е резервиран за кралското семејство. Портпаролот на музејот изјавил дека со кралското семејство отсекогаш имале добра соработка, а додал и дека принцезата Дајана им ја подарила својата венчаница.