Идната седмица охриѓани премиерно ќе имаат можност да го проследат најновиот филм на Милчо Манчески „Бикини Мун“. Станува збор за филм кој е снимен во Њујорк. Во оваа модерна, урбана бајка сместена во скршениот идеал на семејството-една харизматична бездомничка го привлекува вниманието на филмска екипа, која снима документарец и која е спремна да ја искористи нејзината приказна за да се прослави во светот на независните филмаџии.

Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.

Влезниот билет е 100 денари, кино проекциите во охридскиот Центар за култура ќе се одржат во понеделник 21.05.2018 г., вторник 22.05.2018 г. и среда 23.05.2018 г., со почеток во 20.00 часот.

Времетраење на филмот е 102 минути. Жанр: драма, документарен.

OhridNews