Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шекерот, јајцата и оризот.
Се уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот.
Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски каде и беше потенцирано дека намалувањето на цените се почитува од производителите и од трговците, и за лебот, тестенините и за млечните производи.
Како што информира Трајковски, повеќе од 160 инспектори се на терен низ државата, се постапува без никаква селекција, исклучиво според закон и од утрово досега, нема нерегуларности.
Инспекциските служби се на терен и постапуваат со полн капацитет. Од утрово досега нема нерегуларности. Кон крајот на денот или утре ќе бидат соопштени детални информации за евентуални непочитувања, а казните се од 800 до 10 000 евра, потсети директорот на ДПИ.
OhridNews