Езерото Карачај, кое се наоѓа на југот на планината Урал, е најопасно место на светот. За помалку од еден час во близина на ова езеро можете да примите смртоносна доза радијација. За време на четириесеттите години од минатиот век, Мајак, руска тајна фабрика за изработка на нуклеарно оружје, е направена за изработка на плутониум за советскиот проект за производство на атомски бомби. Оваа фабрика руската влада ја криела вешто, а дури 50 години подоцна Борис Елцин ја прогласи за отворен регион.

 

Кога се дозна за тоа, западните научници кои дојдоа до овој регион го прогласија ова преубаво езеро за најзагадено место на светот, за што важи и ден денес. Бидејќи стана место за испуштање радиоактивен отпад, не само што е загадено езерото, туку и околината, воздухот и водата. Забележан е пораст на заболените од рак за 21 процент, 25 проценти повеќе деца се раѓаат со некој дефoрмитети, а 41 процент повеќе луѓе заболуваат од леукемија.