Член на семејството на исчезнатиот телохранител на струшкиот градоначалник, Уран Купа, го идентификувале мртвото тело кое пред два дена беше пронајдено во реката Сатеска, кај месноста викана Дупки, во непосредна близина на локалниот пат кој води за селото Дрслајца.
По завршување на истрагата мртвото тело беше предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, каде било извршено препознавањето. По наредба на основното јавно обвинителство земени биле мостри за ДНК анализа, а резултатите ќе бидат познати во понеделник. Познати се и причините за смртта, но во интерес на истрагата не се соопштуваат.
Уран Купа исчезна на 6—ти февруари, а неговото возило неколку дена подоцна беше пронајдено во близина на автобуската станица во Дебар. По повод немилиот настан, тогаш се огласи градоначалникот на Струга Зиадин Села, кој истакна дека Уран Купа бил примерен работник и немал проблеми со никого.
Истрагата треба да го расветли немилиот настан.
OhridNews