Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се  запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион. 

Сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица, а 7 беа повредени се случи на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, кога автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Република Северна Македонија се запали.

OhridNews