Откриен е идентитетот на  мртвиот човек кој во петокот беше пронајден од печуркар во месноста бржаница во атарот на селото Лактиње-Дебарца охридско. Се работи за Спиро Ставрески, уличен продавач на девизи кој  исчезна на 8 февруари оваа година.


исчезнатиот Спиро Ставрески пронајден мртов

Ова го утврдила обдукцијата врз телото која завршила денеска во Битола, на што укажувале и  доказите кои биле пронајдени во плиткиот гроб во кој  бил закопан Ставрески.Иако во Охрид попладнево османаа  некрозлози полицијата сеуште официјално не соопштува никакви детаљи за случајот кој ја вознемири  јавноста.

Првичните сознанија од истрагата покажале дека смртта кај Ставрески настапила насилно, а понатамошната истрага треба да открие кој и зошто посегнал по неговиот живот. Во моментот на исчезнувањето во февруари, Ставрески кај себе имал околу 7000 евра, а семејството тогаш се сомневаше дека мотив за киднапирањето можат да бидат токму  парите.

Спиро Ставрески кој беше уличен продавач на девизи повеќе од 10 години, меѓу колегите важел за мирен човек, кој  не должел никому, но имал должници за што водел уредна евиденција. 58- годишниот Спиро Ставрески беше оженет и татко на едно дете.

Г. М.