Французин, на 23-годишна возраст, која кон крајот на 2013 година патувал во Сирија, е идентификуван како третиот напаѓач самоубиец во концертната сала „Батацлан“, каде беше извршен најголемиот масакр во рамките на нападите од 13-ти септември кога во Париз беа убиени 130 луѓе. Според извор близок на истрагата, станува збор за џихадистот Фуад Мухамед Ахад, кој живеел во Стразбур, а отпатувал во Сирија со братот и група пријатели. Повеќето од нив биле приведени во пролетта 2014 година, по враќањето во Франција, но тој останал во Сирија, според полициски извори. Властите на Франција и на Белгија водат интензивни потраги но досеа не успеаја да го уапсат Салах Абдеслам, кој е единствениот преживеан кој директно се поврзува со терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130 луѓе. Белгиските власти распишаа потерница и по Мохамед Абрини, кој бил забележан со Абдеслам два дена пред напаадите, на 11-ти ноември, на автопатот Брисел – Париз. Сите девет осомничени за париските напади имаат француско државјанство.

Во нападот на концертната сала „Bataclan“, каде се убиени 89 луѓе, учествувал 29-годишниот Омар Исмаил Мосефаи кој пукал врз публиката на концертот а потоа се разнесол со појас на бомбаш самоубиец, Роден е на 21-ви ноември 198 година во Франција, и неговото досие содржи осум пресуди за мали престапи. Меѓутоа, никогаш не ја издржувал казната во затвор. Радикален исламист станал слушајќи ги проповедите во џамијата Шартр во 2010 година. Во евиденцијата на полицијата се појавува под разделот „напад врз безбедноста на државата“. Истрагата се сомнева дека двапати патувал во Сирија. Идентификуван е според отпечатоците на прстите најдени на местото на нападот.

Сами Амимур, 28-годишен, е роден во Париз, а живеел во департманот Сен-Сен-Дени, Воспитуван во семејство кое не практикувало ислам. Работел како возач на автобус во градскиот сообраќај. Во 2012 година бил под истрага за заговор со уште две лица кои планирале напад. Бил должен редовно да се јавува во полицијата, но последните две години, оваа препорака ја запоставил. Патувал во Сирија во 2014 година, а по него заминал и татко му, кој го убедувал да ги „напушти редовите на сириските герилци“.

Третиот терорист чии остатоци беа пронајдени во концертната сала, на 9-ти декември беше идентификуван како Фуад Мухамед Ахад.

Меѓу бомбашите кај стадионот „Стаде де Франце“ едниот дејствувал под лажно име Ахмад ал-Мухамед. Пасошот на тоа име, кој бил издаден во Сирија, полицијата го пронајде крај мртвото тело на напаѓач кој не е идентификуван со вистинскиот идентитет. Истрагата, сепак, успеа да го утврди неговото патување низ Европа. Успеал да се инфилтрира во бранот бегалци од Сирија и минал редица земји на ткн балканска рута од Грција до Хрватска, со лажните документи. Истрагата покажува и информација дека до Франција патувал во придружба на уште едно лице.

Билал Хадфи, 20-годишник, исто така, се разнесол кај стадионот. Имал француско државјанство, а живеел во Белгија, во бриселското предградие Недер-овер-Хеембек. Се задоил со радикални ставови во пролетта 2014 година. Поставувал фотографии на социјалните мрежи со оружје во раце. Името на третиот бомбаш самоубиец кај стадионот не е познато. Се разнесол кај блискиот ресторан „MacDonalds“.

Во нападите на париските кафулиња и ресторани како учесник е идентификуван Брахим Адбеслам, 31 година. Жител на Белгија со француски пасош. Кај него полициските органи никогаш не забележале радикално настроение. Пред две години бил сопственик на кафуле во проблематичниот белгиски кварт Моленбек, каде што живеат доселеници, претежно од Мароко и другите земји од северна Африка. Бил косопственик со брат му Салах Абдеслам, Брахим се разнел во бар на улицата „Волтер“.

Салах Абдеслам, 26-годишен, веројатно е осмиот учесник во терористичките напади и осомничен како стратег на операцијата. Француски државјанин роден во Брисел, а живеел во предградието Моленбек. Се верува дека тој ги изнајмил двата автомобила кои ги користеле терористите да дојдат до целите. Следниот ден по нападите бил запрен во рамките на рутинска контрола, но не бил приведен. Сега по него се трага по потерница.

Полицијата, исто така, трага и по деветто лице кое учествувало во нападите. Се претпоставува дека тој ги возел терористите кои пукаа на терасите од градските кафулиња.

OhridNews