На 31 јули околу 15 часот на стотина метри од брегот кај х. Парк во водите на Охридското Езеро пронајдено е телото на Хајдим Далипи роден 1981 година од кичевското село Зајас, соопшти МВР.
На телото немало траги од насилство, а лекарите во општата болница во Охрид констатирале дека смртта кај Далипи настанала како последица на давење во вода. Телото на починатиот е предадено на родителите.
Ова е втор случај на давење во Охридското Езеро ова лето. Пред десетина дена кај канео се удави 45 годишен битолчанец.
ohridnews