Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и Австриецот Доминик Тим ја сочинуваат во втората полуфинална двојка на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос.
Ѓоковиќ пласман помеѓу четирите најдобри обезбеди со триумфот 3-0 во сетови против Александар Ѕверев, додека Тим билетот го чекираше со идентичен триумф против Карен Качанов.
Победникот од дуелот Ѓоковиќ-Тим во финалето ќе се сретне со подобриот од епската пресметка на Рожер Федерер и Рафаел Надал.
Полуфиналните мечеви на прогрaмата се утре во 12 часот и 50 минути односно 14 часот 50 и минути.
ОhridNews