Малезиски еднојајчани близнаци избегнале бесење бидејќи дури ни со ДНК анализа судот не открил кој од нив двајцата го возел автомобилот преполн со опиум и канабис.
Р. Сатхис Рај и Сабриш Рај, 27-годишни близнаци, се обвинети за продажба на канабис и опиум во 2003 година.
„Ова е многу единствен случај. Дури ни со ДНК анализа не можеме да откриеме кој од нив двајцата е виновен“ – рекол судијата.
Полицијата го фатила едниот од двајцата близнаци кој го возел автомобилот преполн со дрога пред куќата во Куала Лумпур. Откако го фатиле, се појавил и вториот близнак кого исто така го фатиле. Судијата рекол дека постои оправдан сомнеж бидејќи не знаат кого прв го фатиле. Браќата плачеле од среќа кога ја слушнале ослободителната пресуда.