Какви фризури сакате? Каков изглед најчесто негувате и зависи ли тој од годишното време? Иако некои ќе речат дека е сеедно дали во текот на зимата ќе носите реп или распуштена коса, а во текот на летото само реп, веројатно не се во право. Тоа значи дека при одлуката за фризурата во предвид треба да се земат уште неколку фактори.

Се враќаме на почетокот и на прашањето: Влијае ли на вашата одлука за фризура годишното време? И покрај тоа што на некои ќе им звучи неверојатно фризурата да ја диктираат според температурата, која може да биде од пријатно пролетна до неподносливо летна или непријатна под нулата, би било добро кога би размислиле за тоа.

Летото е годишно време кога сите размислуваме за тоа како да пронајдеме облека од пријатен и лесен материјал и каква фризура да направиме, а да не ни пречи кога потта тече по вратот и грбот. Овде е многу важно да се спои удобното и корисното и да се пронајде начин како да се издржат високите летни температури и притоа да се изгледа одлично.

Дали сте размислувале за поткрената коса? Иако не претставува револуција, очигледно е дека на повеќето прво им паѓа на памет да ја подигнат косата кога температурите се високи. За да не носите постојано иста фризура, еве неколку совети што може да направите.

Популарната фризура која ја покажале моделите на пистите и многу познати актерки е нешто помеѓу реп и пунџа. Исчешлајте се и подигнете ја косата, па почнете да ја врзувате во реп. Кога ја извлекувате косата, внимавајте да не ја извлечете цела, еден дел нека остане во стегачот.

Ако сте скалесто потстрижани, навиткајте два прамени и пуштете ги лесно да паѓаат. Ваквата фризура е одлична и за на работа, но и за посебни пригоди.

Другата фризура е повеќе ретро и таа највеќе ќе им се допадне на жените и девојките кои го сакаат изгледот од 50-тите и 60-тите години на 20-от век. Подигнете ја косата високо и направете пунџа. Кога ќе завршите земете еднобојна или марама во боја и ставете ја на главата. За прамените да не се разлетуваат, земете шноли и прицврстете ги.

Следната фризура е за оние кои сакаат плетенки. Потребно е да се исплете една плетенка на страна. Ќе имате едноставна, но ефектна фризура која нема да ви смета кога температурата ќе биде висока.

За најдобри летни фризури потребно е малку креативност и поглед на најновите случувања во светот на забавата. Визијата ќе ви дојде кога најмалку очекувате. Кога ќе добиете идеја не чекајте, реализирајте ја!

извор:savjetnica.com