Средниот бек Филип Кривокапиќ и десниот бек Денис Тот се дел од идеалниот тим на колото во македонската Супер лига според изборот на „24 ракомет“.
Интернационалците во дресот на Охрид се издвоија во ремито со Металург во Скопје. Кривокапиќ и Тот заедно постигнаа 15 погодоци и беа едни од клучните алки во остварувањето на големиот резултат.
Друштво на охридското дуо во бековската линија ќе им прави Горан Печенковски од тимот на Бутел Скопје. На крилните позиции се наоѓаат Ален Ќосевски и Александар Долдуров, местото пивот му припадна на Андреј Митиќ а на голот се најде Златко Даскалоски.
OhridNews