Припадниците на Исламска држава објавија видео снимка, на која се закануваат со бомбашки самоубиствен напад врз Белата куќа во САД.
На шестминутната снимка, која ја објавија џихадистите од ИД од Ирак, се поздравуваат минатонеделните напади во Париз.
Најновата закана доаѓа само еден ден откако ИД се закани и со напади во Њујорк. Директорот на ФБИ Џејмс Коми изјави дека не знае за постоењето на какви било кредибилни закани во САД, слични на нападите во Париз.
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби за CNN изјави дека во тек е проверка на најновото видео со заканата кон Белата куќа, со цел да се провери неговата автентичност.
OhridNews
Извор:„МИА“