Екстремистичката организација Исламска држава (ИД) потврди дека стои зад неуспешните напади кои минатиот месец беа извршени во Брисел и Париз. Потврдата дека ИД е одговорна за неуспешните напади е објавена во најновото издание на „он лајн“ списанието на ИД „Румијах“.

Инцидентот во Брисел се случи на 20.јуни, а напаѓачот бил убиен од војник кој бил на местото на нападот. Ден претходно, на Елисејските полиња во Париз, еден човек со своето возило, полно со оружје и експлозив, влетал во полициски конвој. По сударот не се случила никаква поголема експлозија, а напаѓачот починал од повредите.

OhridNews

Макфакс