Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул на Новогодишната ноќ, кога вооружен човек уби 39 луѓе, додека рани скоро 70 лица.

Во соопштението издадено денеска ИД наведува дека „војник на калифатот“ го извел нападот. Турските весници Хуриет и Карар претходно јавија дека турските безбедносни структури се сомневале дека ИД била инволвирана во масакрот. Овие весници додаваат дека осомничениот напаѓач бил од Узбекистан или Киргистан.

Во меѓувреме, во Турција се уште е во тек потрагата по напаѓачот.