Најновата аквизиција на најтрофејниот фудбалски клуб во македонскиот фудбал Вардар, Сенијад Ибричиќ за хрватскиот сајт „Indeh.hr“ отворено зборуваше за неговиот трансфер во Македонија.


– Одредено време контактирав со клубот, а ми се јави Гоце Седлоски, кој е директор на клубот и ми зборуваше се најдобро за екипата. Потоа ме побара и тренерот Сергеј Андреев, кој добро ме познава од Локомотив и од него слушав само убави зборови. И јас самиот се распрашав за клубот кај неколку пријатели и ми ги потврдија амбициите на македонскиот клуб. Кога почна преодниот рок преговорите беа интензивни се случи тренерската смена во Хајдук и се случи да потпишам во Вардар. – рече Ибричиќ.

Напаѓачот по заминувањето од Хајдук често беше поврзуван со враќање назад, но ништо не се случи иако и тој сам сакал да се врати во клубот.

– Сплит е град во кој живеев и сакам пак да живеам. Милион посто ако треба и ќе се заколнам дека бесплатно му се нудев на Хајдук откако Кајзери даде зелено светло последниот дел од договорот да одработам на Полјуд. Турците ќе ме плаќаа, а во Хајдук ќе играв без пари затоа што сакав јас. Ми беше битно да играм и ако можам да му помогнам на Хајдук. Со мојата желба и можност беа запознати и навивачите и им реков дека Кајзери ме пушта да играм за хрватскиот клуб. Првите луѓе на клубот беа оддушевени, но требаа да разговараат со тренерот Игор Тудор, кој очигледно одлучи да не играм. Тогаш ми кажаа дека тренерот не ме гледа во екипата и пропадна можноста за мое враќање во екипата – додаде Ибричиќ.

Вардар со ангажманот на напаѓачот уште еднаш ги потврди шампионските амбиции сезонава и за следната кога ќе обезбеди излез на „евро“ сцената.

Ohridnews