Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими ги живее најтешките денови во Марибор откако клубот го суспендираше на неодредено време по напуштењето на екипата која тогаш се наоѓаше во карантин.
Ибраими за словенските медиуми проговори за проблемите и нарушените односи со Златко Заховиќ кој е спортски директор во клубот од Марибор.
– Најпрво сакам да им се извинам на навивачите кои секогаш биле моја најголема поддршка. За клубот играм со цело мое срце и душа и никогаш не сакам да мислам лошо за него. Но, проблемите се со Златко Заховиќ кој постојано ме вреѓа и ме омаловажува, што за мене е неприфатливо. – рече Ибраими.
До крајот на шампионатот во Словенија има седум меча, а Марибор во последната фаза влегува со два бодови помалку од лидерот Олимпија.
OhridNews