Фудбалската А репрезентација на Македонија вторник на „Филип Втори“ против Бугарија ќе го одигра вториот контролен натпревар во овој мини циклус.
Бугарите мечот со нашата селекција го најавија со победата над Португалија 1-0 додека „црвено жолтите“ претрпеа минимален пораз од Словенија во Копер.
– Треба да бидеме горди дека одигравме едно квалитетно полувреме, но не треба да се задоволиме со тоа, затоа што на крајот, сепак, го загубивме натпреварот, а со пораз не треба да бидеш среќен и задоволен. Тие позитивни работи што ги направивме во првото полувреме треба да ги повториме, подобро да ги користиме шансите што ги создаваме, а негативностите да ги отстраниме. Тоа значи дека треба да сме поконцентрирани, пофокусирани и да играме цврсто како што играа Словенците. Новиот селектор донесе позитивна атмосфера, а ние треба да ги исполниме задачите што тој ни ги задава. Играме нешто поофанзивно и нормално дека немаме што да загубиме,бидејќи ова се пријателски натпревари. Треба да сме повоиграни и, како што реков претходно, да ги искористиме шансите за гол. – рече Агим Ибраими.
Натпреварот на „Филип Втори“ арената ќе започне во 19 часот.
OhridNews