Најдобриот фудбалер во Македонија за 2012 година Агим Ибраими е пред трансфер во “калчо лигага“. Според „Македонски спорт“ за неговите услуги сериозно е заинтересиран Палермо, кој сезонава мака мачи да опстане во елитата.

Ако трансферот се оствари, а остануваат само детали капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ќе добие другар во Серија А и нема да биде единствениот Македонец на “чизмата“.

Ибраими своето внимание го сврти со одличните игри во репрезентативниот дрес. Тој постигна голови исклучително важни голови за “рисовите“, а одигра маестрално со Марибор во Лигата на Европа.

Мх.П.