Најдобриот фудбалер за 2012 година во Македонија, Агим Ибраими е пред договор со шпанскиот клуб Атлетико Мадрид пренесува „Македонски Спорт“.

Според дневниот спортски весник Атлетико Мадрид е еден од трите клубови кои се заинтересирани за македонскиот интернационалец во Марибор. Покрај „јорганџиите“ понуди за репрезентативецот на Македонија испратиле калчолишаот Каљари и португалскиот гигант Порто.

Оштетата која би требало да ја добие Марибор за услугите на Македонецот изнесува од 3,5 до 5 милиони евра.

Мх.П.