Погодокот против Челси и игрите на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими во Лигата на Шампиони во дресот на Марибор не останаа незабележани.
Најпријатното изненадување во Премиер лигата сезонава Саутемптон покажува голем интерес за македонскиот репрезентативец пренесува „Македонски спорт“.
– Тренерот на екипата Златко Заховиќ и моите менаџери ќе одлучат за иднината. Јас сум подготвен за трансфер. Сакам да играм во посилен клуб и лига – рече Ибраими.
Тој настапи на сите шест натпревари за Марибор во Лигата на шампиони и постигна еден погодок на дуелот со Челси, кој заврши 1-1.
– Играњето во Лигата на Шампиони за мене беше големо и драгоцено искуство. Сакам уште да играм и да бидам дел од големото друштво – додаде Ибраими.
Тој од 2011 година е во словенскиот првак, а минатата сезона беше на позајмица во калчолигашот Каљари.
Мх.П.