Репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими и Кристијан Наумоски триумфираа во финалните натпревари во Купот на Словенија односно Романија.


Екипата на Ибраими, Марибор во финалето го совлада Целје по изведувањето на пеналите. Регуларните деведесет и продолженијата завршија без победник 2-2. Македонскиот репрезентативец Ибраими, во 118-та минута го заработи вториот жолт картон што значеше црвен картон.


Поранешниот голман на Работнички, Кристијан Наумоски ја сочува својата мрежа во финалето против Рапид Букурешт. Победничкиот гол за Динамо Букурешт го постигна Скарлате во 52-та минута.

Македонските интернационалци Ибраими и Наумоски ја продолжија жетвата на трофеи откако капитенот на “црвено жолтите“ Пандев триумфираше во Купот на Италија со Наполи.

Мх.П.