Македонскиот интернационалец Бесарт Ибраими кој во зимскиот преоден рок премина во германскиот Шалке, во полуфиналето од германскиот куп ќе игра против Баерн Минхен. Ибраими минатиот викенд на гостувањето кај Фрајбург дебитираше во дресот на Шалке.


Полуфиналето од купот се игра на 24 март. Во другото полуфинале бранителот на трофејот Вердер ќе игра против Аусберг.

Ohridnews