Напаѓачот во македонската фудбалска репрезетнација  Агим Ибраими го заврши престојот во турскиот клуб Eskişehirspor.

Откако не успеа да се избори за место меѓу првите 11 во составот, Ибраими е ослободен од обврските во турскиот клуб. Тој не добиваше многу шанси , а сега има можност да ја продолжи кариерата на друго место.

Ибраими кој беше стандарден во селекцијата под 21 , има 4 настапи за “А“ тимот но се уште чека на првиот гол. Фудбалската кариера ја започна во Шкендија, потоа играше за Салцбург  и Олимпија Љубљана, а  Eskişehirspor е последниот клуб во низата.

Eskişehirspor на половина од турскиот шампионат се наоѓа на 12 место.

М.П.