Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ е помеѓу последните спортисти кои се заразени со коронавирусот. Ибрахимовиќ ќе го помине потребното време во изолација, а информацијата за позитивниот тест ја пренесе во свој препознатлив стил.

Прво бев негативен на тестирањето, потоа позитивен. Немам никакво симптоми. Ковид -19 имаше храброст да ме предизвика? Многу лоша идеја, – напиша на Твитер, Ибрахимовиќ.

38-годишниот фудбалер на Милан имаше брилијантен почеток на новата сезона постигнувајќи три погодоци во првите два натпревари.

OhridNews