Екипата на Милан, доби големо засилување за втората полусезона во Серија А откако Златан Ибрахимовиќ го официјализираше договорот со клубот од Сан Сиро. Швеѓанецот. вчера ги комплетираше медицинските прегледи и позирираше со клупскиот дрес. Тој на грбот ќе го носи бројот 21, а вети дека ќе стори се да ги израдува навивачите на Сан Сиро.

  • Се сеќавам на моето прво доаѓање во Милан пред осум години години кое беше исполнето со многу емоции. Сега е важно дека се вратив и дека повторно ги чувствувам истите емоции. Секогаш говорев дека Милан е мојот дом. Во текот на претходните сезони играв во различни клубови, но овде во Милан навивачите најмногу ме почитуваат. Што да им ветам на навивачите? Едвај чекам да ги видам на Сан Сиро и повторно да ги натерам да скокаат од радост. – изјави Ибрахимовиќ.

Популарниот „Ибракадабра“ во првиот мандат во Милано се задржа две сезони и со тимот освои титули во Серија А и Супер купот на Италија.

OhridNews