Златан Ибрахимовиќ по пауза од пет години се врати во шведската национална селекцијата и ќе му биде на располагање на селекторот за квалификациските дуели со Косово и Грузија и контролниот натпревар со Естонија.

Ибрахимовиќ на официјалната средба со медиумите не издржа и се расплака на прашање за неговата фамилија која живее во Стокхлом. Ибрахимовиќ поради строгите мерки и протоколи не може да ги синовите и сопругата, а тоа најмногу му паднало тешко на шведскиот ас, кој не можеше да ги сокрие солзите.

OhridNews