Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ не знае за крај на кариерата. Популарниот „Ибракадабра“ ја продолжи соработката со Милан, потпишувајќи нов едногодишен договор со клубот од „Сан Сиро“.
Приказната продолжува, – напиша кратко Ибрахимовиќ на социјалните мрежи, потврдувајќи ја информацијата која ги израдува навивачите на Милан и вљубениците во фудбалот.
За 39-годишниот Швеѓанец ова е втор манда во Милан. Во првиот дресот на „росонерите“ го носеше две сезони (2010/2012), а втор пат на Милан му се приклучи во 2020 година.
OhridNews