Српската фудбалска легенда, Синиша Михајловиќ и асот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, заблескаа на сцената од музичкиот фестивал Сан Ремо. Михајловиќ и Ибрахимовиќ со водителите зборуваа за многу теми, а најмногу внимание привлече, откривањето како започнало нераскинливото пријателство.

Нашето пријателство започна со удари со главата, рече низ смеа Михајловиќ, потсетувајќи на средбата со Ибрахимовиќ на дуелот Интер – Јувентус кога Швеѓанецот заработи црвен картон. „Знаев дека на Златан не можам да му се заканувам, туку да го испровоцирам и така да го извадам од колосек. Беше толку лут, што одма ме удри со глава. Кога дојде во Интер, сакаше да му вратам услуга. Така почна нашето пријателство“. 

Потоа ја отворија темата за болеста леукемија која Михајловиќ со помош на сите пријатели успешно ја преброди.

Морав да почекам неколку дена, да соберам храброст и да му се јавам. Кога му звонав и ми крена слушалка, не можев да зборувам. Успеав да му речам дека што и да треба тука сум, а Михајловиќ ми одговори дека му треба напаѓач кој постигнува голови. Јас му реков дека ќе се договориме, – откри како течел разгоровот Ибрахимовиќ со Михајловиќ.

Србинот додаде дека не му се лути што го одбрал Милан пред Болоња. Михајловиќ истакна дека греота е Ибрахимовиќ да игра во Болоња, а да нема публика на стадионот.

Разговорот привлече многу внимание, а настапот на сцената го крунисаа со изведба на песната „Io Vagabondo“.

OhridNews