Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ отпатувал во Шведска и таму под посебен лекарски надзор ќе ја лекува повредата, пренесуваат италијанските медиуми.

Ибрахимовиќ оштетил дел од бутниот мускул на десната нога и ќе паузира најмалку еден месец. Првичните прогнози беа дека популарниот „Ибракадабра“ ќе паузира подолг период и ќе ја заврши кареирата, но деталните прегледи покажале оштетување, а не кинење на мускулот.

Оваа сезона во дресот на Милан, Ибрахимовиќ настапи на десет настапи и успеа четири пати да се запиѓе во листата на стрелци.

Иако е сигурно дека Серија А ќе се рестартира, сепак, се уште не се знае точниот датум. Швеѓанецот можеби ќе биде подготвен за завршните натпревари во кој ќе се одлучува изгледот на табелата.

OhridNews