Фитнес центарот „ИБ“ ја зголеми понудата и капацитетот, реновирајќи го и проширувајќи го просторот наменет за вежбање со нови реквизити, со што го одбележа десетгодишниот јубилеј.
Понудата за вежбање е збогатена со посебни справи, кои ќе ги задоволи сите потреби и апетити на охриѓани, а со реновирање и проширување на просторот ќе се зголеми капацитетот во еден термин, што е согласно мерките и протоколите во време на пандемија.
На програмата останувааат аеробик, зумба и пилатес часовите, а во Фитнес центарот може да се организираат посебни тренинзи за мал фудбал, ракомет, кошарка и тенис.
Работното време е од 9 до 22 часот.
OhridNews