Иако властите не го соопштуваат билансот на повредени од престрелката во куманово, амбасадата на САД во Скопје изрази сочувство до семејствата на загинатите, јавија националните медиуми.
„Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери.
Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, соопшти амбасадата на САД во Скопје, се наведува во реакцијата од амбасадата.
OhridNews