Пејачката Кели Роуланд поделила со своите фанови фотографија на која напорно вежба под будното око на својот личен тренер. Иако е во блажена состојба, Кели не престанува да работи на својата фигура. Откако минатата седмица објавила фотографија на која практикува јога, поранешната членка на групата Дестинис Чајлд објавила уште една своја фотографија на инстаграм. Кели не мирува ниту за време на бременоста, па така се пофалила со фотграфија на која тренира во една теретана во Лос Анџелес, и собрала бројни позитивни коментари за трудот кој го вложува во своето тело.
Таа е во врска со својот менаџер Тим Витерспун од 2011 година. Се венчале минатиот месец, а на интимната церемонија на венчавката присуствувало најблиското семејство како и неколкумина соработници и колеги, меѓу кои била и Бијонсе со својата сестра Соланж Ноулс.