Прличевите беседи денеска продолжија со полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред бистата и гробот на Прличев. Иако великанот на пишаниот збор и култура е можеби најзначајниот македонски автор (за Охрид сигурно најзначаен) сепак од Министерството за култура не мислат така па настанот (Прличеви беседи) после три децении славење е изоставен од Националната програма за култура. Манифестацијата попладнево традиционално ќе заврши со охридската визита во спомен куќата на Прличев, каде ќе се одржи промоција на книгата “Мојот Скендербеј“ од професор д-р Драги Михајловски, а ќе биде промовирана и новата биста на Прличев.
Поранешниот заедно со сегашниот градоначалник
на денешната панихида за Григор Прличев
Мала делегација од Центарот за култура положи
цвеќе на гробот од литературниот великан
Бистата на Прличев во центарот на градот
Вчера во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ на поетот Владимир Попов му беше врачена наградата за најдобра поема за 2006 година. Неговата поема “Тајнопис на гневот“, со едногласна одлука на жири комисијата е избрана за најдобра меѓу деветте поеми кои пристигнале на конкурсот што традиционално го распишуваат издавачката куќа “Детска радост’“ и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
“За мене оваа награда значи многу затоа што го носи името на Григор Прличев, еден од основачите на современата македонска литература и таа е поттик да се продолжи и натаму со квалитет, а не со квантитет“, истакна ловороносецот Владимир Попов. Поемата како што истакна Попов ја пишувал во периодот од 2000 до 2005 година и таа опфаќа еден историски период од нашето минато и прави паралела со сегашноста.
Иако охридскиот поет е едно од најважните имиња на македонската пишана култура и историја, сепак тоа не беше доволно оваа манифестација да влезе во „Националната програма“ на Министерството за култура. Според поранешниот директор на центарот за култура, Горан Стојаноски, неставањето на “Прличевите беседи“ во Националната програма е преседан. Тој информираше дека центарот регирал со писмо до ресорното министерство од каде се очекува одговор.
Актери од Охридскиот театар читаа извадоци од
наградената поема
Со ваков однос спрема делото на „Вториот Хомер“ постои опасност, Грците да го присвојат неговото дело и значење, а токму Прличев в лице им кажува на Грците (иако творел на грчки јазик) дека никогаш нема да се изјасни како Грк, поради што и ја изгубил наградата „Ловоров венец“ добиена во 1860 година за поемата „Сердарот“ (на грчки Ο Αρμάτωλος)
При крајот на животот Прличев ќе направи обид да ја преведе на македонски јазик. Единствениот зачуван дел од авторовиот превод се следниве стихови (се гледаат јасни отстатоци од старословенскиот јазик):
Плачам тътнет Галешник народным.
Кто зло вас, братие, постигло?
Иль плоды вам град побил немирный,
иль стада вам звере потребили?
Ни плоды нам град побил немирный,
ни стаса нам звере потребили,
нь сгубили люты арнауты
наша слава Кузмана Сердара,
десна ръка Джеладимбегова,
и нам тъпчят скверными ногами
гъсты горы, прежде непристъпны.
Така с рыданъем инвари вещали
и жены их драпали си лица
с писком….
С.Костоски
Г.Момироски