Огласувачите мора поагилно да ги насочат своите буџети кон интернет медиумите со што ќе го следат зголемениот обем на внимание и конзумација кој овој вид на медиуми го има кај македонската публика. Ова беше заклучено панел-дискусија „Дигиталните буџети мора да растат соодветно на важноста која ја имаат дигиталните медиуми“, што деновиве се одржа во Скопје во организација на асоцијацијата ИАБ.

-Истовремено, интернет порталите, треба да продолжат да работат на темата саморегулација и да промовираат позитивни практики на работа со што ќе направат дистинкција помеѓу професионалните портали и оние наменските кои генерално се користат за неетичка пропаганда, истакаа панелистите.

На настанот присуствуваа преку 50-тина претставници на компании, медиуми и агенции, кои споделија мислења и предлози на повеќе точки меѓу кои: соодносот на буџетите за огласување во телевизиите наспроти интернет порталите, развојот на дигиталниот пазар низ годините, можностите кои се отвораат со Google AdSense, справувањето со лажните вести, процесот за саморегулација и регистар на портали, односот институции-интернет медиуми и сл.

OhridNews