Иако со вишокот килограми се бори веќе три години, Кристина Агилера во неколку наврати нагласила дека слабеењето не и е приоритет. Пејачката била среќна што има момче кое го сака нејзиното тело и син кој е здрав и среќен. Освен момчето и синот, таа има неверојатен глас кој ги става во втор план нејзиниот вишок килограми, нозете со целулит и останатите недостатоци, со кои се соочува секоја жена.
На најновите фотографии на папараците не може а да не се забележи целулитот на нејзините нозе. Папараците добро се потрудиле да ја фотографираат и да покажат дека Кристина е како и секоја друга нормална жена.