На една млада британка судот и забранил купување алкохол и посета на барови и дискотеки низ целата земја поради опивање и насилно однесување. Против неа до сега биле изречени 26 пресуди, најчесто поради опивање на јавни места, но и за насилно однесување и напад на полицаец. Истиот судија рекол дека Лора Хол мора да престане со ширењето насилство, поради што претходно била казнувана со парични казни.


Таа и до сега била осудувана на забрана за влез во баровите во градот во кој живеела, но тоа не влијаело на нејзиното негативно однесување. Според локалните медиуми, Лора ќе мора да ја почитува забраната една година пред евентуално да биде укината.