Една жена на која и забраниле да води љубов бидејќи била прегласна тврдела дека таа одлука ги крши нејзините човекови права. Се жалела и изгубила. Каролин Картврајт тврди дека не може помалку да вика за време на сексот со сопругот Стив.


Откако соседите, поштарот и една жена која го водела детето на училиште се пожалиле на буката добила забрана да води љубов. Во судот во Њукасл дознале дека нејзиниот секс е погласен  дури и од телевизор. Започнувале да водат љубов околу полноќ, а завршувале два-три часа подоцна.